Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
Сведоштво БЕА PDF Печати Е-пошта
Почитувани,

Во рамките на своите активности во делот за реформата на пазарот на труд Проектот за деловно опкружување на УСАИД, интензивно работи на активности поврзани со промоција на пофлесибилен пазар на труд, развој на социјалниот дијалог, промоција на активните марки на пазарот на труд, реформа на Агенцијата за вработување, како и промоција на концептот на доживотно учење.

Во изминатиот временски период Проектот заедно со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РМ, дизајнираше и спроведуваше мерки, како дел од Националната Стратегија за Вработување 2006-2010, и како дел од Оперативните планови на Владата на РМ за активни мерки на пазарот на трудот.

Една од главните мерки во Оперативниот план за активни политики за пазарот на трудот за 2008 година беше обуката на 33 обучувачи од АВРМ за претприемиштво, која понатаму се спроведуваше на ниво на невработени лица – потенцијални корисници на средства од државниот буџет за отпочнување на семеен бизнис.

Вкупниот опфат на лица со првата и втората фаза бече 833 лица.

Обуката на обучувачите, како и на потенцијалните претприемачи беше спроведувана од страна на консултантска фирма ЦДС - Центар за деловна соработка, а како главен обучувач се јави г-ин Ненад Апостолoски.

Обуките беа ефикасни, квалитетот на дизајнираната програма и подготвителниот материјал исто така, а зацртаните ефекти од мерката беа остварени.

Со мерката се изгради капацитет во рамките на АВРМ за континуирано спроведување на обуки од оваа област за невработени лица.

Врз основа на позитивното искуство и искажаниот висок степен на професионализам , би сакал да Ви го препорачувам г-ин.Ненад Апостолски за обучувач во прогамата за обука на обучувачи за ИПАРД.

Со почит,

Кирил Миноски

Раководител на одделот за реформа на пазар на труд

на Проектот за деловно опкружување на УСАИД

тел: 070 226 756

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите