Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
Проект на УСАИД за комерцијално финансирање на мали и средни претпријатија PDF Печати Е-пошта
Комерцијалниот финансиски фонд за мали и средни претпријатија го финансира УСАИД а со него оперира Crimson Capital Corporation од САД. Crimson Capital преку фондот за мали и средни претпријатија директно им дава заеми на македонските фирми.
Целта на фондот е да се обезбедат трговски финансиски производи и услуги што во моментов не постојат на македонскиот финансиски пазар, да се зголеми трговијата,
извозот и приходите на малите и средни претпријатија, да се отворат нови работни места, да се зголемат можностите за жените и малцинствата и да се создаде локален капацитет за позајмици во трговското работење.
Целта на заемите на овој фонд е да се обезбеди финансирање за купување на репро материјали, пакување, даноци, маркетинг и други трошоци за производство и испорака на производи и на домашни и на странски пазари. Фондот ќе ги финансира следниве трошоци поврзани со производството на стоки: купување на крајни производи од страна на трговска фирма, плаќање на изведувачи и склопувачи, плаќање на работна рака поврзана со подготовка на проектот, плати и други даноци, купување или подготовка на пакување и графика, тестирање, инспекција и трошоци за транспорт, и осугурување, царина и други давачки поврзани со извоз.
Фондот обезбедува краткорочен работен капитал преку употреба на иновативни трговски финансиски производи, како финансирање на нарачка за купување, пред-извозно финансирање, фабричко финансирање и други позајмици на мали и средни преторијатија. Фондот е капитализиран со 1.5 милиони УСД за заеми.
Заемите се од 30 до 179 дена, а сумите се од 10,000 до 100,000 УСД и се одобруваат врз основа на потврдена нарачка. Каматата е конкурентна во споредба со другите заеми што ги обезбедуваат донаторите во Македонија. 100 УСД се плаќаат како неповратни средства за процесирање на барањето за секој заем.
Фондот ќе ги прифати следниве гаранции: Неотповикливи Конфирмирани Акредитиви, Банкарски Гаранции, Соло Меници, Полиса за осигурување на извозот, Барирани чекови, Бланко банкарска меница, Закон за подвижни права (Нарачки, Залихи, Побарувања и други ликвидни средства), Лични корпоративни гаранции, Меници.
Фондот им дава заеми на фирмите од следниве индустриски сектори:
Производство на храна
текстил и облека
Кожни производи
Обработка на метали
Градежни материјали
Обработка на дрво, сеча и работилници
Лесно производство
Трговија и услуги