Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
ПЕП PDF Печати Е-пошта
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни училишта во Македонија. Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на наставата и да ги унапреди вештините на младите за вработување.
Овој проект е продолжување на тековните проекти финансирани од УСАИД за зајакнување на образованието во Македонија и поддршка на процесот на децентрализација, во периодот кога Македонија се стреми кон влез во Европската Унија.
Главни задачи на ПЕП се:
Подобрување на наставата и учењето со што учениците се здобиваат со вештини за критичко размислување;
Зголемување на пристапот и користењето на современите компјутерски и интернет технологии за да им се помогне на учениците да успеат на пазарот на трудот;
Давање поддршка на училиштата за подобрување на работната средина преку реновирање на училишни згради со што се поттикнува учењето и креативноста;
Соработка со наставниците и Министерството за образование и наука за развивање на квалитетни дигитални наставни материјали потребни за активно учење засновано на прашања поставувани од учениците;
Унапредување на наставата по математика и природните науки преку подобрување на наставните програми и методи;
Подобрување на оценувањето на ниво на училиште за да се поттикне и подобри квалитетот на учењето;
Раководење со проектот
Академијата за развој на образованието (АЕД) е американска непрофитна организација, која во име на УСАИД и во партнерство со Универзитетот на Индијана, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и други локални невладини организации и приватни фирми раководи со реализацијата на овој проект. Освен тоа, АЕД има воспоставено партнерства со повеќе национални и мултинационални корпорации кои имаат напредни образовни програми, интерес за зголемување на ефикасно користење на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во училиштата и желба да промовираат квалитет во образованието, економски раст и стабилност во овој динамичен регион. Преку овие партнерства, АЕД има за цел да обезбеди зголемен број на дополнителни средства за проектот.
Компоненти на проектот
За повеќе информаци за секоја компонента, ве молиме кликнете на  линкот подолу:
Реновирање на училиштата
Подобрување на употребата на ИКТ во училиштата
Унапредување на наставата по математика и природни науки
Унапредување на оценувањето на учениците
Унапредување на работните вештини кај учениците