| е-БИЗ |
|
|
|
|
Целта на е-БИЗ проектот е да го стимулира вработувањето во Македонија преку помагање на малите и средни претпријатија да имплементираат висококвалитетни информационо комуникациски апликации кои ги поддржуваат нивната конкурентност и развој. е-БИЗ проектот воведува нов, иновативен пристап кој ги поддржува и понудата и побарувачката на малите и средни претпријатија преку примена на информационо комуникациска технологија.
е-БИЗ проектот претставува иновативен модел кој им помага на малите и средни претпријатија да користат информатичка и комуникациска технологија со цел подобрување на нивното работење.
е-БИЗ проектот влегува во партнерство со македонските претприемачи и нуди висококвалитетни информатички комуникациски решенија кои значително ја подобруваат конкурентноста на малите и средни претпријатија.
До денес, отворени се 6 е-БИЗ центри кои ги нудат следните услуги:
КАД/КАМ услуги:
Текстилна индустрија: е-БИЗ центар за текстилна технологија- Нов Тренд нуди компјутерски помогнат дизајн услуги за конструкција на кројни делови, дигитализација на кројни делови, градирање и изработка на кројни слики и услуги од компјутерско помогнато производство за автоматско положување без истегнување и прецизно автоматизирано за текстилните претпријатија.
Чевларска индустрија: е-БИЗ центар за чевларска технологија - МодЕур нуди компјутерски помогнат дизајн услуги за изработка на модели, дигитализација и градирање на шаблони како и услуги од комјутерски помогнато производство за автоматско кроење и обележување за чевларските претпријатија.
Алатници: е-БИЗ центарот - ЦИРКО МЕС нуди дизајн на алатки, дизајн за производство, НЦ програмирање, 3Д моделирање, обуки и техничка поддршка на голем број на индустрии во Македонија.
Интернет услуги:
Туризам: е-БИЗ националниот портал за туризам ExploringMacedonia.com е електронски Портал кој ја промовира македонската туристичка индустрија и им овозможува на македонските туристички работници да ги продаваат своите услуги на глобално ниво преку Интернет.
Текстилна и чевларска индустрија: е-БИЗ порталот FashionMK.com обезбедува услуги кои им помагаат на македонските текстилни и чевларски претпријатија да се промовираат глобално како и да ги зголемат своите деловни можности преку Интернет.
Услуги за менаџмент обуки:
ЈИЕ центар: е-БИЗ центарот на ЈИЕ нуди усовршени програми за обука, обуки базирани на видео конференциска врска, обуки преку Интернет, консалтинг, деловни конференции и видео конференциски услуги на претпријатија од поширокото окружување на Тетово и Гостивар со цел да се помогне во проширување на менаџерските способности на локалните претприемачи.
Clear View: е-БИЗ центарот за менаџмент обуки Clear View нуди голем број на обуки за зголемување на менаџерските потенцијали на македонските претпријатија со воведување на нови канали за дистрибуција како што се видео конференции и учење преку Интернет.
е-БИЗ е имплементиран согласно точка-ORG корпоративен договор во рамките на “USAID Digital Opportunity through Technology and Communication Alliance (DOT-COM)”. Центарот за развој на образованието (EDC) е одговорен за имплементација на е-БИЗ проектот на терен, преку договор од Академијата за развој на образованието (AED), водечка организација за точка-ORG. За време на траење на проектот, EDC тесно соработува со Geekcorps, партнер на точка-ORG. |







