| Пријателски библиотеки |
|
|
|
|
Краток опис: Овој проект го поддржува процесот на децентрализација, кој предвидува трансфер на локалните библиотеки во надлежност и припадност на локални владини единици, за нивна заштита и функционална реорганизација.
Главните цели на овој проект се: - Да се трансформираат локалните јавни библиотеки во мултифункционални културно-информативни центри со подобрен пристап до информации за граѓаните;
-Да се мотивираат локалните власти да ги поддржат и признаат модернизираните библиотеки како место за промоција на демократски дијалог меѓу општинските власти и граѓаните.
Резултати и влијание: Следните резултати се постигнати во периодот од 2005-2008: • Целосна обнова и модернизација на три општински јавни библиотеки (во Струмица, Кавадарци и Радовиш) и функционално подобрување на библиотеката во Кочани; реновираните простории имаат пристап за хендикепирани лица. • ИТ центар основан во четири библиотеки, каде од страна на проектот беа обезбедени компјутери и ласерски штампачи за посетителите во библиотеките. • Интернет портал за три библиотеки е креиран и хостиран. Проектот обезбеди две обуки за администрација на веб порталот, каде учесниците беа обучени како да ажурираат податоци и да објавуваат информации на нивните интернет страни. Ажурирањето на веб страниците на библиотеките веќе е секојдневна пракса. • Проектот организираше 11 различни обуки, со вкупен број од 200 учесници, најмногу од нив се луѓе вработени во таргетираните библиотеки и општини. Програмата за обуки допринесе за подобрување на современи техники во библиотеките за обезбедување на квалитетни и ефикасни услуги, како и подобар пристап до информации. • Како резултат на обуките, прирачниците (објавени на македонски и албански јазик) беа дисеминирани во сите 32 јавни библиотеки во државата. • Проектот се стреми да го зголеми капацитетот и популарноста на библиотеките преку обновување на збирките книги со нова, популарна литература преку снабдување со 3660 книги на македонски, албански и турски јазик во осум јавни библиотеки. • Библиотеките во Струмица, Кавадарци и Радовиш организираа повеќе од 20 настани, јавни дебати и тркалезни маси на темаЧ насилството врз жената, етика, уметнички презентации, дискусии за превентивна медицинаитн. • Активноста која остави најсилен впечаток во промовирањето на отворен, мултифункционален концепт на библиотека со кампањата за јавна свест во целата држава. Проектот предизвика интерес кај општините и кај персоналот во јавните библиотеки низ целата држава. За време на периодот на имплементација, проектот соработуваше и кон него се приклучија 12 јавни библиотеки во целата земја, од кои 9 се локални, а 3 се национални институции. Тоа претставува 38% од сите јавни библиотеки во државата (има 32 јавни библиотеки). |







