Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
Национална програма за практикантска работа и вработување ,,Моја Кариера’’ PDF Печати Е-пошта

,,Моја Кариера” има за цел да создаде мост меѓу образовните институции, студентите и компаниите, на студентите да им го олесни наоѓањето на вработување и практикантска работа во врвни македонски компании и да им помогне на компаниите да регрутираат најдобри таленти кои се присутни на пазарот на трудот.
Целите на програмата се:
•    Да го намали јазот помеѓу обезбедувањето на работна сила и оние на кои им треба работна сила и таленти, особено со недостатокот во секторите/индустриите каде е потребна работна сила,
•    Да се едуцираат бизнис заедницата и образовните установи за придобивките на програмата за практикантска работа, и
•    Да се развие програма за практикантска работа, така што компаниите кои не можат да ги сносат трошоците за вработување, ќе можат да придонесат со нивното учество во оваа програма.

Порталот www.mojakariera.com.mk е интерактивна платформа која дозволува меѓусебно делување помеѓу студентите и невработените од една, а компаниите од друга страна, во реално време. Интерактивните активности како што се: он-лајн Саем за кариера, форуми, видео презентации од страна на компаниите и он-лајн презентации се само дел од функциите овозможени на порталот, кои им овозможуваат и на студентите/ невработените и на компаниите да комуницираат во реално време.
Исто така, развиена и реализирана е програма со обуки за компаниите за методологија на практикантската работа, а за студентите – за развивање на нивните вештини за вработување за подобро да се подготват за аплицирање на работно место. За студентите, организирани се обуки за пишување на резиме, пропратно писмо, комуникациски и преговарачки вештини. Менторите од компаниите кои учествуваат во Програмата за практикантска работа, исто така  посетуваат адаптирани обуки.

Клиент: Проект за конкурентност во Македонија (MCP)
Потекло на средствата: УСАИД
Датум: април 2009 – април 2010
Партнери: ИТЦ Кариера
Видови на услуги: Проектен менаџмент, организација и логистика, промотивни активности, администрација на интернет порталот и менаџирање со содржините на порталот, одржување на обуки за студентите на теми: пишување на резиме и мотивационо писмо, обуки за комуникациски вештини и прилагодени обуки за менторите.
 

Поврзани клиенти