| Прирачник - ,,ЕУРЕПГАП’’ Стандарди |
|
|
|
|
ЦДС направи преглед на постоечки документи, спроведе истражување и анализа на податоци за ЕУРЕПГАП стандардот. Врз основа на оваа анализа, ЦДС подготви методологија за изработка на прирачникот. Подготовка: Преглед на постоечки документи
Документите беа подготвени и прегледани со цел да се идентификуваат потребите за истражувачкиот дел од проектот. Оваа фаза ни овозможи подобро да го разбереме проектот и неговите потреби и да развиеме детална методологија за подготовка на прирачникот.
Развој на методологија Методологијата на прирачникот беше подготвена по прегледот на документите. Таа го содржеше нацрт прегледот на прирачникот како и активностите кои беа потребни за да се добијат и анализираат податоците. Истражување на податоци Во оваа фаза се спроведоа неколку активности чија цел беше да се добие подобро познавање на ЕУРЕПГАП стандардот и процедурите за негово добивање во Македонија. Анализа на податоци Анализата на податоци беше спроведена откако беа собрани сите материјали. Таа беше поделена на квантитативен и квалитативен дел и служеше како основа за подготовката на самиот прирачник. Прирачник Содржината и изгледот на прирачникот беа подготвени по собирањето и анализата на сите податоци.
|







