Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
Национални координатори на Програмата за меѓусебно учење на колеги PDF Печати Е-пошта

Националниот Координатор зема учество во подготвителната работилница на ЕТФ; Националниот Координатор беше одговорен за подготвување на национален документ за остварени активности во форма на извештај под наслов: ,,Вклученост на социјалните партнери во образованието и обука за туризам и градежништво”. Беше конципиран извештај за блиска соработка со националниот тим на програмата за меѓусебно учење од колеги.

Овој документ обезбеди краток преглед на најголемите достигнувања во земјата. Во него беа вклучени анализи на проблеми, анализи на сите засегнати страни, како  и утврдени цели и прашања околу примената. Националниот Координатор заедно со националниот тим од програмата за меѓусебно учење на колеги беа одговорни за собирање на материјали за остварените активности на национално ниво кои би помогнале за разјаснување на прашањето/темата за меѓусебното учење на колеги во земјата – домаќин. Националниот Координатор, заедно со националниот. тим од програмата за меѓусебно учење на колеги, беше одговорен за конципирање на програмата и организирање на состаноците во земјата – домаќин на програмата за меѓусебно учење на колеги. Програмата беше сконцентрирана на прашања поврзани со темата на Програмата за меѓусебно учење на колеги за 2008 година и опфати и посети на голема група на значајни засегнати страни. Програмата беше усогласена со ЕТФ. Тимот во посета мора да е во состојба да го надгради националниот документ т.е. извештај. Поради  тоа, се очекуваше дека сите членови на Националниот тим (вклучувајќи го и Националниот Координатор) ќе презентираат детални елаборации на прашањата од извештајот на подготвителната работилница во земјата – домаќин. Целта беше да се обезбедат членови на Тимот за програмата за меѓусебно учење на колеги, кои ќе бидат запознаени со механизмите и принципите во однос на ,, Вклученост на социјалните партнери во образованието и обука за туризам и градежништво’’.

Клиент: ETФ
Потекло на средства: ETФ
Дата: мај 2008 – декември 2008
Партнери: Нема
Видови на услуги: 1.    Учество во подготвителниот состанок
2.    Подготовка на првиот нацрт на извештајот
3.    Собирање на материјали за остварени активности
4.    Подготовка на програма за студиската посета
5.    Учество во студиската посета
6.    Поддршка на колегите – учесници во конципирањето на завршните извештаи за посетите во рамки на Програмата за меѓусебно учење на колеги
7.    Подготовка и учество во Завршната конференција

 

Поврзани клиенти

Поврзани услуги