|
АПРЗ советници создаваа услови за формирање на група за родова еднаквост во рамките на АПРЗ, како и давање на поддршка на подготовките и договорот за акционен план. Ова беше преземено преку сензибилизација на група советници од АПРЗ, нивното обучување во одредени области поврзани со потребите на жените и нивната подготовка при планирањето на активностите на жените во рамките на севкупниот операционен план на АПРЗ.
Дополнително, повеќе пилот – активности на женски групи беа планирани преку жените – советници на АПРЗ. Сите овие беа документирани и подготвени како студии на случај.
| Клиент: | МААСП |
| Потекло на средства: |
СИДА |
| Дата: |
април 2009 – декември 2009 |
| Партнери: |
Нема |
| Видови на услуги: |
1. Презентација на евалуацијата и дискутирање на резултатите; Oдржување на работилница со сите заинтересирани жени – советнички со цел да се дискутира околу потребите, можните активности и да се основа група за родова еднаквост во рамките на агенцијата. Предлог за структура во рамките на АПРЗ за поддршка на родовите иницијативи и работење со МААСП за нивно прифаќање во АПРЗ. 2. Работење со персоналот на управата на АПРЗ за да се направи општ преглед на активностите за родова еднаквост во рамките на АПРЗ; Подготовка на стратегија за воспоставување контакт и работење со жени од рурална средина, како и опфаќање на истото во прирачникот за човекови ресурси на АПРЗ; Обезбедување препораки за идни активности од оваа област; Подготовка на план со активности и презентирање на истиот пред раководството на АПРЗ. 3. Овозможување на пилот активности за советниците на АПРЗ и жените од рурална средина за создавање на систем кој би ги вклучил жените од рурални средини во сите чекори од активностите и би ги прилагодил планираните активности кон нивниот придонес и изразени потреби. Дефинирање на областите во кои советниците од АПРЗ можат да им помогнат на жените од рурална средина; Одредување на методологијата за да се утврди дека постои адекватно документирање на вклученоста на жените од рурални средини во активностите опишани во акциониот план. 4. Овозможување на пилот активноси на женското централно тело на АПРЗ со цел да се поддржи организирање на 3 работилници со жените од рурални средини, од страна на жените – советнички; Планирање на неделни/ месечни настани со жени од рурални средини во времетраење од 6 недели; извештај за превземените активности/иницијативи и мултиплицирање на успешните практики во што е можно поголем број на општини; Иницирање на партнерски односи со невладини организации кои работат на активности со жени од рурални средини; Потрага по донатори за планираните активности.
|
|