Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
Стратегиско планирање за два статистички региона во Македонија PDF Печати Е-пошта

Главна цел е да се овозможи постепен процес на планирање за регионален развој. Цел на тимот на ЦДС е да ги координира и да го надгледува процесот на регионален развој за двата пилот региони:Вардар и Југозападниот Регион. Во целост тимот од експерти (Менаџер на Проектот и оние што го вршат мониторингот) во секоја фаза од процесот на

планирање, помагаат во организирање и поставување на регионалниот план како и тренинзи за планирање кои се поврзани со регионалните работни групи.Тимот исто така води процес на консултации  преку етаблирани работни групи  и организирани работилници и ќе биде одговорен да направи нацрт план и да го заврши регионалниот план за развој.

 

Клиент: Поддршка на реформите за децентрализација во Македонија на патот до ЕУ - УНДП Проект
Потекло на средствата:

УНДП

Date:

јуни 2006 – јуни 2007

Партнери: Нема
Видови на услуги: •    Совети за обемот на задачите, должностите и моделот на оперирање на регионалните работни групи, како и предлози за методите и критериумите за селекција на акционерите кои ќе учествуваат во процесот на планирање.
•    Развивање и изнесување на потребните анкети за да може да се детерминираат можностите и потенцијалите  внатре во самата општина, во пилот регионите. Водење на СВОТ анализите за два пилот региони и сумирање на добиените резултати.
•    Испорака  на прилагоден тренинг за работните групи во регионот кои се поврзани со акциониот план како што е партиципативното планирање, раководство, стратешко планирање, социо – економски анализи итн.
•    Водење на регионалните подгрупи во дизајнирање, правење нацрт планови и финализирање  на регионалните стратегии  и планови за  акција.
•    Потврда дека регионалните планови се во согласност со веќе поставената методологија за планирање на регионален развој и се во согласност со релевантните национални и локални планови за развој.  

 

Поврзани услуги