| Обука за Финансиска Писменост |
|
|
|
|
Клучната цел е да се подигне свеста за неопходноста од финансиска писменост и да се стекнат вештини за управување со финансии кај 120 ромски домаќинства и ромски претприемачи во Македонија. Проектот има за цел да ги запознае луѓето со ниски примања со практичните аспекти на финансиската писменост и да ги убеди учесниците на работилницата за важноста на финансиското планирање во домаќинството и на регуларното штедење.
Крајниот резултат на работилницата се финансиски планови развиени од страна на учесниците, наменети за нивните семејства.
|







