|
МААСП собираше податоци преку АКИС (Земјоделско знаење и информациски систем) за време на првата фаза од проектот. Поради потребата за да му се помогне на персоналот на АПРЗ во идентификувањето на земјоделските системи и моделите на комуникација во секоја општина во која тие работат, МААСП презеде тренинг активност со цел да се прошират и развијат целокупните активности на АКИС преку ПРА методологија (методологија на анализа на руралната средина со учество на населението).
Оваа методологија опфаќа активности за анализа на фармерските системи на општините за плодови, работна рака и пари преку користење на различни средства. Овој процес е поделен во три фази. Фаза I се состои од пренесување на суштински ПРА знаења и алатки кон одреден број на советници на АПРЗ и локални организатори на МААСП на тридневната работилница. Од различните ПРА алатки, за време на обуката беа употребени следниве:
• Мапирање на земјоделски системи, • Сезонски календар, • Разговори со клучни информатори, • Информативни прошетки, • Мапирање на области во определени временски периоди, • Дискусии во фокус групи. Фаза II беше започната од страна на учесници кои ја спроведуваа пилот практичната апликација од шесте ПРА алатки во петте села (поддржани од локалните организатори на МААСП). Во овој период тие го пренесуваа одзивот и предизвиците од терен кон МААСП и добиваа континуирана поддршка и водство. Врз основа на информациите собрани на терен, примената на ПРА алатките беше ревидирана и беше евалуирана нивната ефективност на дводневната дополнителна работилница која следуваше. Работилницата беше подготвена да ја процени примената на ПРА вештините за шесте ПРА алатки, да им обезбеди на учесниците дополнително знаење и искуство и да ги подобри овие способности преку собирање на податоци и информации за земјоделските системи преку споделување на најдобрите искуства од терен. Учесниците ќе ги користат овие вештини во фаза III во 2009 кога ќе го пренесат знаењето од ПРА алатките и вештините кај персоналот на АПРЗ под менторство на МААСП. На крајот на оваа фаза, секоја регионална канцеларија на АПРЗ ке има мапа на земјоделските системи во свопјот регион, сезонска мапа, матрица на комуникациски систем и белешки за разговорите со кллучните информатори за различни приоритетни теми. Овие информации потоа ќе бидат искористени во подготвување на проекти за следната година.
| Клиент: | MAAСП |
| Потекло на средствата: |
СИДА |
| Датум: |
јули 2008– декемвриr 2008 |
| Партнери: |
нема |
| Видови на услуги: |
Подготвување и испорака на обука за ПРА методологија, повратна информација и поддршка за време на пилот применатат, зајакнување на претходните знаења, менторство, мониторинг и евалуација. |
|