| Меки вештини |
|
|
|
|
1. Градење на тим
Опис на курсот: Во денешно време организациите имаат потреба од личности кои можат да бидат продуктивен дел од тим, а од друга страна да функционираат добро и како индивидуалци. Секоја организација има сопствена култура и приоритети, секој тим се наоѓа во определена фаза од своето постоење и секој член од тимот има единствен однос во рамките на тимот. Оваа обука ви дава практични знаења и вештини за работа во тимови како дел од една организација и нејзината култура и активности .
Кој треба да ја следи оваа обука: Секој, од менаџери до вработени кои се дел од работна заедница во која способноста за работа во тим се смета за важна.
Што ќе научите: Некои од работите кои ќе ги научите на овој курс се: основите на градење на тимови, што претставува ефективен тим, како да се создаде високоуспешен тим, видови на тимови и нивните улоги, зошто се важни активностите за градење на тимови, решавање на конфликти во тим, развој на вештините на тимот, идентификување на заедничка цел, делење и разјаснување на целите, колективно планирање и организирање на ресурсите, ефективна комуникација, балансирање на предизвиците и поддршката.
2. Лидерство
Опис на курсот: Денес постои зголемен притисок врз менаџерите да раководат и менаџираат задачи и вработени во оваа динамична средина. За да ги завршат успешно сите обврски, менаџерите мораат да функционираат и како лидери. Лидерството е едно од оние работи кои често се ужасно тешки да се дефинираат, но ќе го препознаете кога ќе го видите, а дефинитивно ќе познаете кога постои недостиг од него. Овој курс ќе ги оспособи менаџерите да ги подобрат своите лидерски способности.
Кој треба да ја следи оваа обука: Менаџерите од приватниот и државниот сектор кои имаат потреба да развијат лидерски способности .
Што ќе научите: Најважните нешта, истакнати на овој курс се: преглед на лидерскиот развиток, вовед во ,,моделот на лидерство – водење од наопаку ’’, инвентар на лидерски стилови, менаџер наспроти лидер, создавање на дисциплина, како да се даде и да се прими повратна спрега (фидбек), креирање на визија, согледување на клучните карактеристики на успешните тимови, разбирање на личните стилови за лидерство и менаџирање, препознавање на добро менаџерско држење, дефинирање на квалитети и силни страни, донесување на клучни одлуки, овластување, мотивирање и инспирирање на останатите.
3. Управување со време
Опис на курсот: Во ова динамично општество, управувањето со времето е еден од најчестите проблеми со кој се соочуваат луѓето. Овој курс ги оспособува учесниците да го анализираат своето време, да направат активно менаџирање на времето и им дава совети за управување со време. Главната награда за добро управување со време е чувството на имање на контрола.
Кој треба да ја следи оваа обука: Сите
Што ќе научите: Оваа обука вклучува поставување на насока и серија цели, креирање на план, одбирање на место, да се истражи појавата на проблемите со управување на времето, да се подобри способноста на претставниците да ја планираат својата работа и да поставуваат приоритети, да се подигне свесноста за важноста на имање јасни цели, да се избегнува оттргнување од приоритетите, да се истражува себемотивацијата и како алатка за управување со време, да се обезбедат практични алатки за справување со оние неочекувани настани кои одземаат време во текот на денот, да се обезбедат практични алатки и техники за ефективно делегирање, да се обезбедат практични алатки за како да се каже ,,не’’ на некои итни барања.
|







