Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
Tим PDF Печати Е-пошта

Г-дин Ненад АпостоловскиКосопственик, ИЦТ консултант / Обучувач

Nenad Apostoloski

 


Г-дин Апостоловски е консултант, обучувач и партнер во ЦДС. Г-дин Апостоловски е ИТ специјалист со големо искуство во менаџирање на разни интернационални ИТК проекти за финансиски институции во регионот

Исто така, г-динот Апостоловски креира, одржува и менаџира огромен број на обуки за јавниот, приватниот и цивилниот сектор, вклучувајќи го и градењето на капацитети за пораст на вработувањето кај младите. Тој е главен креатор на Интегрирано Учење – продукт за развој на човечки ресурси кој се состои од 5 тренинг модули за ,,меки вештини’’. Тој има одлични познавања од областа на македонската социјално-политичка состојба и прашањата врзани со пазарот на трудот, благодарение на големиот број на развојни проекти на кои има работено.

Темите кои ги има покриено до сега се од областа на бизнис планирањето, стратешки бизнис развој, преговарање, комуникациски, презентациски и мотивациски способности, обуки за обучувачи, развој на резиме, родова еднаквост и управување со проектен циклус.

 

 

 

Г-ѓа Маја АрсоваПартнер, Консултант/ Обучувач

Г-ѓа Маја Арсова е консултант, обучувач и партнер во ЦДС со повеќе од  8 годишно искуство. Таа е стручна во областа на стратешкото планирање, акционо планирање, креирање на проекти, менаџмент и евалуација. Таа има креирано и одржано обуки на следните теми: сметководствен менаџмент, деловни финансии, комуникациски вештини, стратешко планирање, управување со проектен циклус итн. Таа има работено на голем број проекти за различни организации како што се: УНДП, УСАИД, ФОСИМ, ЦИРа, ГТЗ.

Г-ѓа Маја Арсова има дипломирано на отсекот за Бизнис администрација на Факултетот за финансии на Централна Флорида. Таа има искуство во развој на бизнис планови, инвестициски предлози и истражување на пазарот. Маја има одлични познавања и разбирање за социјално-економската ситуација во Македонија, вклучително и процесите на децентрализација и локален развој.

Г-ѓа Жаклина Гештаковска АлексовскаОбучувач и Менаџер за човечки ресурси

 

Г-ѓа Гештаковска Алексовска е консултант и обучувач во ЦДС. Таа има 12 годишно искуство како обучувач и фасилитатор, 7 години искуство како менаџер за обуки. Таа е Магистер по јавна администрација на Универзитетот во Сиракјуз како Фулбрајт стипендист и се има стекнато со сертификат по родови студии на истиот универзитет. Од 2005 до 2007 година таа беше Тренинг менаџер и консултант за Фондот за развој на човечки ресурси. Проектот вклучуваше организација и испорака на 5 циклуси од обуки за менаџери на мали и средни претпријатија од цела Македонија и таа исто така презеде водечка улога во воспоставување на добри односи со сите релевантни засегнати страни за создавање на нова институција за развој на човечките ресурси во малите и средни претпријатија.

Г-ѓа Гештаковска беше и лидер и фасилитатор на една група за размена на искуства на Универзитетот American College и врни менаџери од 11 ИТ компании со специфична цел за подобрување на соработката помеѓу академијата и индустријата, за да се подобри наставната програма и да се менаџира практикантската работа. Преку овој проект и работејќи со менаџери од сите индустрии во Македонија, Г-ѓа Гештаковска Алексовска го продлабочи своето знаење и разбирање за актуелната состојба на пазарот на трудот и трендовите на вработување во државата.

Во моментот, таа го менаџира проектот Моја Кариера, проект за студентска пракса и вработување, финансиран од Проектот за конкурентност на УСАИД.

 

Г-ѓа Маја Андонова – Јокиќ – Проектен Асистент

Г-ѓа Андонова-Јокиќ беше главен логистички организатор во Проектот за организирање обуки за формирање на ученички тимови за техничка поддршка и во Проектот за модернизација на образованието на Министерството за образование. Таа е дипломиран економист и нејзините основни задачи во рамките на ЦДС се: административна поддршка, комуникација со клиенти, водење на трошоци, фактури и целокупната финансиска дејност во ЦДС. Г-ѓа Андонова-Јокиќ беше проектен асистент во неколку проекти менаџирани од страна на ЦДС и беше задолжена за водењето на финансиите во сите нив. Во Проектот за модернизација на образованието, Г-ѓа Андонова-Јокиќ беше одговорна за контактирање на училиштата за одредување на имињата на учесниците и за воспоставување на добра комуникација со сите нив, како и со Бирото за развој на образование. Таа ги финализираше подготовките со обучувачите и училиштата во врска со датите, превозот на учесниците, оброците за време на обуките, пријавувањето и материјалите, а исто така беше одговорна и за исплата на трошоците. За активностите при обуките за формирање на ученички тимови за техничка поддршка, таа беше одговорна за контактирање на директорите од училиштата и логистика.

Г-ца Тамара Ресавска – Проектен Асистент

Тамара Ресавска е дипломиран комуниколог при Универзитетот на Југоисточна Европа и моментално следи последипломски студии од областа на комуникациските науки. Во ЦДС таа започна најпрво со практикантска работа за време на студиите, а денес е вработена со полно работно време. За време на нејзината пракса, со секоја нова задача се чувствуваше подобрување во нејзините способности, па таа беше вклучена како логистичка поддршка за време на активностите при обуките за формирање на ученички тимови за техничка поддршка на Проектот ПЕП на УСАИД.

Во моментот, таа е ангажирана околу активностите поврзани со обуките кои се организираат од страна на ЦДС, во делот на логистиката и асистирање при обуки. Ангажирана е во рамките на Моја Кариера, Проект за Практикантска работа и вработување, финансиран од страна на Проектот за конкурентност на УСАИД, во делот на промотивните активности и како помлад обучувач за обуки за комуникациски способности и обуки за пишување на CV и мотивационо писмо наменети за студенти.

Г-ца Наташа ЦветковскаАдминистративен асистент

Наташа Цветковска ги заврши додипломсите студии по Менаџмент на 31ви октомври 2008, на универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’, Скопје. За време на студиите, таа имаше можност да работи со скратено работно време во семејниот бизнис, каде ги научи основите на претприемништвото, преговори со дистрибутери, работа со документи. Неколку месеци по дипломирањето, таа започна да работи во ЦДС како практикант.

Сега е вклучена во Проектот за практикантска работа и вработување на УСАИД, задолжена за активности како што се: администрација на веб порталот, креирање на статистички податоци, превод на материјали и сл.

 

Г-ца Ана ДимовскаПроектен асистент

Ана Димовска е дипломиран преведувач по албански и македонски јазик на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески’’, Скопје. За време на студиите, таа имаше шестмесечно искуство од работа во Тирана, Албанија, каде беше ангажирана на имплементација на проект за студентска пракса и вработување во Албанија и регионот.

Во ЦДС, таа започна како практикант кратко по најзиното дипломирање, преку поврзување на својот профил и профилот на ЦДС, користејќи го порталот на Моја Кариера.

Таа е одговорна за превод на материјалите за обуки, на објавите на интернет порталот, извештаи, евалуации и останати материјали. Во ЦДС, таа исто така беше обучена за менаџирање и ажурирање на системот за менаџирање со содржини (CMS) на порталот Моја Кариера. Сега е задолжена и за ажурирање на интернет порталот, објавување на нови настани и валидација на нови корисници во системот.

 

 

 

СОРАБОТНИЦИ

Г-дин Епаминонда ГлавинацКонсултант / Обучувач

Г-дин Главинац е консултант и обучувач со повеќе од 30-годишно искуство во македонската економија и богато искуство од областа на деловното преговарање. Областите на неговата стручност се пазарот на трудот, деловното право, градење на капацитет за институционален и индивидуален развој, вработување и самовработување. Има богато искуство во полето на изработка на материјали за обуки и реализација на обуки на различни бизнис теми. Г-дин Главинац, исто така има учествувано на голем број обуки за обучувачи, каде ги зајакнува своите обучувачки капацитети. Тој постојано извршува консултантски услуги за локални компании и има одлично познавање за македонската социјално-економска состојба, како и прашањата и проблемите во врска со пазарот на трудот.