ЦДС – Консалтинг, Обуки, Човечки ресурсиЦДС обезбедува и спроведува високо квалитетни и професионални консалтинг услуги и обуки кои водат кон витални резултати кај клиентите. Сето ова го обезбедуваме преку меѓусебно поврзување на нашите три столба услуги: бизнис развој, организациски развој и независен ИКТ консалтинг. Филозофијата на ЦДС е дека човечките ресурси се клучен фактор за успех. Како резултат на ова, ЦДС верува дека најважна алатка за реализација на активностите во секоја организација претставува самиот тим во организацијата, составен од вработени и соработници, домашни и странски експерти. Благодарение на тимот од високо квалификувани ИТЦ експерти и ненаклонетоста кон одредени дилери или продукти, ЦДС има можност да асистира на мултинационални корпорации при планирањето и имплементација на телекомуникациски и ИТ проекти надвор од државата и истовремено да обезбедува и локална експертиза во сите земји на Балканот. ЦДС има менаџирано и имплементирано голем број на проекти за меѓународни организации, како и за локални и интернационални приватни компании и јавни институции.
|




