Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
Ексклузивни обуки PDF Печати Е-пошта


CDS_Web_Bar 2
Ако сте спремни да вложувате во својот личен и професионален развој и развојот на вашите вработени, пред вас е ексклузивна содржина која се нуди за првпат во Македонија. Ние во ЦДС сме посветени на практични и интерактивни обуки со висок квалитет, а како гаранција за тоа е реномето на HRDQ од САД (www.hrdq.com). Ние од нив ги откупивме правата за четири нови обуки и специјално за вас ги прилагодивме на нашата средина.
Првата обука е следната недела (22 и 23-ти септември) кога ќе можете да ја научите „Уметноста да влијаете на другите“. Веќе во октомври три нови теми:
  • Креативно разрешување на проблеми
  • Водство низ промени
  • Менаџирање со менаџери
За сите информации јавете се на 02/321 50 15 или дојдете во нашите канцеларии на бул. „Климент Охридски“ 54/2/1 и ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме.
Повеќе информации

Уметноста да влијаете на другите 

(2-дневна работилница)


ChessPieces 4Поставете ги темелите за поефективна комуникација преку оваа исклучително интерактивна обука.  Развијте методи на воспоставување релации со луѓето преку длабока свесност за моќта на невербалната комуникација.  Научете како да ги избегнете комуникациските бариери.  Препознајте го вашиот стил на комуникација и прилагодете ја сопствената комуникација за да биде што е можно поуспешна во секој од стиловите.


Научете методи на намалување на интензитетот на проблематични ситуации и ефективно разрешување на конфликти.  Преку серија на структурирани искуства, развијте и научете да применувате вештини кои ја зголемуваат вашата ефективност кога ги нудите вашите услуги во било која комуникациска вештина.


Повеќе информации

Водство низ промени 

(1-дневна работилница)


GlassChessPieces2 3Управувањето со промени е уметност и наука во водење на организации и нивните вработени низ предвидливи транзиции од моменталната реалност кон посакувана идна позиција.  Промената се манифестира во најразлични форми со различни резултати и емоции, но има две работи на кои можете да сметате: промената нема да исчезне, таа само ќе се зголеми; и вие и оние околу вас треба да научите како да ја прифатите и искористите таа промена.


Преку оваа работилница ќе научите како да ги идентификувате различните реакции кон промената за да можете подобро да се подготвите за да им помогнете на вработените да ја пребродат. Вие ќе направите план кој ќе им помогне на другите низ промената и ќе го примените тој план преку подредување на системите и структурите во рамките на вашата организација со цел подобро да одговрат на потребите на вработените во процесот на промена.


Повеќе информации

Менаџирање со менаџери 

(1-дневна работилница)


RocksStack2 2Зошто е потребна програма за менаџирање со менаџери?  Што е тоа што е толку тешко?

1. Балансирање на секојдневните задачи со долгорочното стратешко размислување.  Доколку имате менаџери кои ви одговараат вам, тогаш голем дел од нивните проблеми остануваат на вас да ги решите.

2. Вашите директни извештаи управуваат со голем број на различни функции и тешко е да создадете чувство на обединетост и кохезија за целата група. 

3. Доколку сте типичен менаџер од среден слој (со типични човечки особини!), вие можеби најмногу би сакале да ги игнорирале непријатните ситуации како што е да се справите со проблематичните  луѓе.  А можеби се повлекувате.  



Менаџирањето со менаџери бара храброст, и преку оваа работилница ќе ви дадеме едноставен,  но ефективен  двостран пристап кој се фокусира на развивање на бизнис стратегија, а едновремено ги подобрувате вашите лидерски вештини.



Повеќе информации

Креативно разрешување на проблеми 

(1-дневна работилница)

StoneFenceУчесниците на работилницата ќе научат како да ја интегрираат креативноста со аналитичкото размислување за ефективно разрешување на проблеми и како да развиете  вештини за критичко размислување. 



Креативното разрешување на проблеми е корисна вештина во денешниот свет кој постојано се менува.  Концептот на „иновација“ и како е поврзан со крајното решение ќе биде нагласен.  Иновативниот начин на размислување не само што ги препознава и оценува одличните идеи за пазарот, тој исто така се фокусира на разрешување на проблемите на потрошувачите или корисниците на услуги.



Повеќе информации