Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
ЦДС е првиот провајдер на обуки за Проценка на земјоделски системи со учество на самите жители PDF Печати Е-пошта

ЦДС беше ангажиран при обезбедувањето на физички, социо-економски и агро-економски информации од руралното население, кои подоцна ќе бидат корисни за тимот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, кои се одговорни за планирање и менаџирање на работните програми во дисперзираните канцеларии. Консултантската работа претставува продолжение од онаа која беше започната во 2008 година и ги зајакнува вештините на персоналот на Агенцијата кој беше обучен и тогаш.

Овој тренинг им помага да прераснат во специјализирана група и да преземат одговорност за обучување и на останатите колеги во подготовка на детални анализи на знаењето од областа на земјоделието, како и информациски системи во каптажата на одделните дисперзирани канцеларии. Сето ова беше постигнато преку пристап на активно учество кон собирањето на податоци и размена на истите со локалното население. Дополнително, ЦДС подготви и PRA прирачник за теренска работа со цел да собраните знаења и вештини и понатаму бидат дистрибуирани.