| Ноември 2009 и март 2010, ЦДС ги организираше и менаџираше првите два електронски саеми за кариера |
|
|
|
|
Саем за Кариера I Тимот на Моја Кариера го организираше првиот Електронски саем за кариера во Македонија и регионот кој се одржа од 2ри до 6ти ноември 2009 година. Беше креиран за да овозможи директен контакт помеѓу комоаниите од една страна и студентите/заинтересираните за вработување од друга страна и да им послужи за полесно остварување на нивните цели: спојување на соодветен вработен со понуда за вработување. Целта на Електронскиот саем за кариера беше да ги претстави потенцијалните вработувачи и нивните понуди пред пазарот на работна сила. Генерално, ова беше доста успешен настан, кој уште повеќе ја зајакна врската и интеракцијата помеѓу македонските студенти, образовни институции и компании и промовираше нова, модерна алатка на пазарот на работна сила. Овој настан исто така обезбеди позиција за Моја Кариера како партнер од доверба за менаџерите од сферата на човекови ресурси, з ауниверзитетите, студентите и оние заинтересирани за вработување.
Саем за Кариера II Според нас, овој саем беше подеднакво успешен од аспект на бројот на посетители, а дури и поуспешен од аспект на лојалност на посетителите. Огромниот успех лежи во фактот што успеавме да го задржиме интересот на посетителите за време на целата недела. За големо постигнување на овој саем ја сметаме лојалноста на посетителите. Оваа година имавме 3,503 еднократни посети и 889 посетители кои на страната дошле и повеќе од 15 пати. Само за споредба, на првиот Саем за кариера имавме 5,657 односно 278 посетители.
|







