| Во јануари 2010, со InDevelop IPM од Шведска, успешно завршивме Студија за мулти-етнички проекти |
|
|
|
|
Во ноември 2009, InDevelop-IPM заедно со ЦДС беа ангажирани од СИДА во Стокхолм и Шведската Амбасада во Република Македонија да планираат и водат процес на учење за достигнувањата и искуствата од проектите за меѓу-етничко образование и работа со млади во Македонија. Севкупната цел на овој процес на учење е дворстрана. Прво, во процесот на завршување на поддршката од Шведска на Македонија, Сида сакаа да имаат подобро разбирање за достигнувањата и научените лекции за поддржаните интервенции во областа на човекови права и социјална кохезија. Второ, и уште поважно, целта беше да се зголеми капацитетот и мрежната поддршката за во иднина меѓу клучните засегнати страни за меѓуетничките односи во Македонија.
Оваа задача беше реализирана во тесна соработка со одбраните организации и тоа во три фази. За време на почетната фаза, тимот спроведе разговори со сите организации и Сида за целите и методологијата на задачата. Втората фаза вклучуваше посети во Македонија, и тоа во Скопје, Гостивар, Tетово, Kуманово, Tеарце, Брвеница и состаноци со корисниците и сите засегнати страни вклучени во четирите проекти. За време на третата фаза, тимот спроведе работилница вклучувајќи ги сите засегнати страни за меѓуетничкото образование и работа со млади во Македонија. Главните наоди и заклучоци за процесот на учење се сумирани во финален извештај.
|







