| ЦДС успешно ја заврши првата година на управување со проектот на УСАИД Национална програма за пракса |
|
|
|
|
Во март 2010, ЦДС заедно со ИТЦ беа одбрани да ја водат првата година од Националната програма за практикантска работа и вработување на УСАИД „Моја кариера“. За време на оваа година беа реализирани 738 пракси, 140 вработувања, 173 обуки за 5244 учесници: 57 обуки за CV и мотивациско писмо за 3000 ученици и студенти, 91 целодневна работилница за комуникациски вештини, подготовка за интервју и деловна етика за 1942 студенти, и 25 обуки за менторство за 302 ментори. Програмата разви портал „Моја кариера“ со 6419 регистрирани студенти и 297 регистрирани претпријатија само за една година, проектот отпочна со интензивни промотивни активноасти во 11 градови на кои беа присутни 120 претставници од претпријатија и 1200 студенти и средношколци. Процесот на проценка на потребите на компаниите за практиканти беше проследен од селкција на регистрираните студенти и оние кои бараат работа и онаму каде што е потребно дополнителна регрутација на студенти и дипломирани. Проектот продолжува и како ЦДС сме горди што бевме дел од неговите почетоци.
|







