| AMICO презентиран во Бари, 10 март 2010 година |
|
|
|
|
Г-ин Ненад Апостолоски, директор на ЦДС, учествуваше на првиот состанок на AMICO како претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија, институционален партнер на AMICO во Македонија. AMICO, новиот проект финансиран одразвој на Италија, беше презентиран утринава на прес-конференција во центарот на Fiera del Levante. Името на проектот претставува акроним за ,,Албанија, Македонија, Италија: Оперативни партнерства", и е насочена кон зајакнување на процесот на пенетрација и влез на мали и средни Италијански претпријатија во Западен Балкан.
Меѓународниот партнерски проект AMICO претставува соработка помеѓу пет италијански партнери, институционални претставници на деловни асоцијации - Confindustria Confapi, CNA, Confartigianato, Националната лига на занаетчии, Ente Fiera del Levante, и два странски партнери, Алб-Konfindustria (Здружение на албанските бизниси) и Сојузот на стопански комори на Македонија, а некои активности ќе бидат спроведени и во соработка со ICE - Италијански институт за надворешна трговија.
Antonio Ciuffreda, претседател на Fiera del Levante Services, го претстави Ianuario Antonio, претставник на Министерството за економски развој и ја објасни стратегијата која го поттикнала креирањето на активностите: ,,Ние создадовме партнерски проект со овластување да го претставуваме бизнис системот на нашите три земји. Затоа, силата на проектот AMICO лежи во компаниите, каде што се планирани сите активности за поддршка на бизнисот, насочени кон конкретизирање и ефективност на нашите интервенции. " Извршниот директор на Fiera del Levante Servizi, г-ин Масимо Лупис, проект менаџер на AMICO, ги спомена активностите кои го карактеризираат работењето на проектот во Албанија и Македонија , ,,во согласност со насоките на Министерството за економски развој, преку воспоставување на кооперативни односи меѓу малите и средни италијански, албански и македонски претпријатија, кои сакаат да го поддржат процесот на пробивање на овие пазари треба со внимание да се разгледаат и да се земат предвид од страна на сите изведувачи кои се вклучени во процесот на интернационализација.’’ Пазарите за обновливите извори на енергија и еколошки технологии имаат стратешка улога во развојот на Албанија и Македонија и се поддржани од италијански компании активни во овие области, а наскоро ќе се активираат и специјализирани информативни сервиси, што ќе им овозможи на нашите претприемачи собирање, анализа и оценка на можностите на пазарот . Следствено, AMICO, исто така, ќе ја активира и услугата за наоѓање странски партнери со кои би се изградиле трговски и индустриски сојузи во канцелариите во Бари, Тирана и Скопје. ,,Преку постојаната соработка со локалните бизниси, нашата дејност навистина ќе се пробие на овие пазари, а Alb-Konfindustria и Сојуз на стопански комори на Македонија нудат гаранција за компетентност и можности", изјави претседателот Ciuffreda. AMICO, исто така, презема активности за поддршка на транснационалната институционална соработка, преку повторно потврдување на Fiera del Levante Services во улога на Технички секретаријат на Коридорот VIII и поддршка при реализацијата на активностите за соработка помеѓу Италијанската Влада, Владата на Република Албанија и Владата на Република Македонија.
|








