| Обука за менаџмент на проектен циклус – Кочани |
|
|
|
|
Во периодот од 24ти до 28ми септември 2009, во хотел Гратче, Кочани, за нашиот клиент ФИООМ, ЦДС изработи и испорача 5-дневна работилница за стекнување на знаења и вештини од областа на менаџмент на проектен циклус базирана на форматот на логичка рамка.Обуката за менаџмент на проектен циклус е последователна обука со комбинирани групи на обучувачи од обуката за Роми обучувачи 2007 и 2008. Обуката беше базирана на предложената листа на теми за развој на Роми обучувачи, креирана за време на анализата на потреба од обуки во март 2009. Сите 9 учесници успешно ја завршија обуката.
|







