| Нова обука на ЦДС |
|
|
|
|
УПРАВУВАЊЕ СО ИНЦИДЕНТИ Boot Camp
Преглед на обуката
Реагирање на инциденти во рамките на корпоративна организација е стресна и критична одговорност. За време на инцидент, менаџерот за управување со инциденти и неговиот тим се надгледувани, евалуирани и се очекува да бидат способни да водат.
Овaа обукa има за цел да им помогне на менаџерите за инциденти пред инцидентот да се случи преку пренесување на искуства и основни напатствија за целиот процес на менаџирање со инцидент. Покрива ситуации кои бараат техники за реагирање, координација, комуникација и донесување на одлуки.
Dim lights Embed Embed this video on your site
Учесниците на овој камп ќе го збогатат своето знаење и практично искуство од областа на реагирање на инциденти и управување со инциденти. По завршувањето на кампот, учесниците ќе бидат способни да: • Ги разберат фазите и да ги следат чекорите во секоја фаза за време на справувањето со инцидент • Организираат брза, обединета и ефективна реакција на инцидент • Идентификуваат клучен персонал кој е потребен за постигнување на соодветна реакција и намалување на времето потребно за поправање на ситуацијата • Брифираат менаџерите за соодветно да се процени ситуацијата во кратко време (неколку минути) • Документирање на инцидентот за подоцнежни извештаи и дополнителна документација според препораките на меѓународните стандарди • Соодветно менаџирање на време и ресурси под притисок Кој треба да ја следи оваа обука? • Професионалци за информатичка безбедност кои сакаат да го збогатат своето искуство за менаџирање со сигурносни инциденти и да вежбаат на вистински инцидент без да ја загрозат својата организација • Професионалци од ИТ областа кои сакаат да ги пополнат празнините во нивното знаење од сферата на ИТ инциденти и менаџирање со истите, да усвојат соодветни процеси за известување и одлучување • Менаџери на тактичко ниво кои сакаат да ги унапредат своите капацитети за менаџирање во услови на високо стресни ситуации и потреба за брза реакција • Студенти кои сакаат да ги подобрат своите вештини за менаџирање со инциденти/ситуации како подготовка за нивната идна професионална кариера на високо стресни позиции со високи барања. • Оперативен персонал и оперативни менаџери (менаџери на оддели/лидери на тим) • Организации кои нудат услуги во реално време каде секое непродуктивно време резултира со трошоци и казни • Секој кој работи во областа на ИТ или менаџмент на информациска сигурност Потребни знаења Со цел успешно да го следат кампот, учесниците треба да имаат познавања од следните теми • Основни познавања од бизнис операции– Основни познавања од организацијана бизнис и синџир на одговорности се пожелни за сите учесници • Основни познавања од ИТ сервиси – Повеќето инциденти во модерниот свет се поврзани со ИТ сервисите, така што се очекуваат основни познавања на овие сервиси • Познавање на word, excel, e-mail |







