|
Во декември 2008 тимот на ЦДС успешно обезбеди логистичка поддршка при планирање, организирање и реализација на 16 работилници за ПЕП Проектот за основно образование на УСАИД. ПЕП се стреми кон подобрување на квалитетот на инструкции и подобрување на способностите за вработување кај младите луѓе. Како дел од овој процес, по двајца наставници од сите 166 училишта учествуваа во програмата за професионален развој, каде учат како да организираат, основаат и управуваат со ученички тимови за техничка поддршка во нивните училиште.
|