| Комплетна програма за заштита на лични податоци |
|
|
|
|
Преку нашата програма, ЦДС е во можност да воведе комплетна програма за заштита на лични податоци за компании кои собираат и обработуваат лични податоци на физички лица (имиња, адреси, ЕМБГ, биометрички податоци и сл. ). Оваа програма вклучува:
-Едукација за заштита на лични податоци и за управување со комплетната програма.
-Подготовка на деловни процедури и упатства за заштита на лични податоци за компанијата.
-Идентификување, документирање и управување со збирки на лични податоци.
-Идентификација на најдобри кандидати за старатели на збирки на лични податоци.
Доколку компанијата не е во можност да дедицира интерни ресурси за управување со ваква програма, ЦДС е во можност да обезбеди услуги на управување со целокупната програма на заштита на лични податоци за Вашата компанија.
|







