| ФИООМ |
|
|
|
|
Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) е основана во 1992 година како претставништво на странско лице, а во 1999 година како национално правно лице – фондација, во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации. ФИООМ е дел од Соросовата мрежа во централна и источна Европа.
Мисијата на ФИООМ е внатрешна интеграција на Македонија, како предуслов за интеграција во Европската Унија.
Посветена на промовирањето на отворено општество, ФИООМ иницира поддршка и спроведува широк спектар на програми. Своите цели Фондацијата ги исполнува преку:
• доделување грантови, заеми и други видови финансиска поддршка, еднократно или постојано, на физички и правни лица кои спроведуваат активности во согласност со мисијата на ФИООМ.
• имплементирање на операционални програми за промовирање иновативни идеи и за развој и раст на физички и правни лица чии активности се во согласност со мисијата на ФИООМ, и
• извршување други хуманитарни и развојни активности за кои Основачот и Управниот одбор сметаат дека се соодветни за исполнување на мисијата на ФИООМ.
Основното раководно тело на ФИООМ е Управниот одбор кој е составен од седум видни личности со различна етничка припадност и професионална ориентација. Постојат експертски комисии или консултанти кои се вклучени во програмите и ги советуваат координаторите на програмите. Личноста која е овластена да го претставува ФИООМ пред други правни и физички лица и да се потпишува во име на ФИООМ е Извршниот директор. |







