Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Контакт

ЦДС
ул. Козара бр. 15/а/1
1000 Скопје, Македонија

Тел/факс: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
Консалтинг, Обуки, Човечки Ресурси
ЦДС НА ТЕХНОМА 2011 PDF Печати Е-пошта

alt

Проектот „АМИКО“, финансиран од италијанското министерството за економски развој има за цел да ја зајакне соработката меѓу западно - балканските и италијанските компании. ЦДС – Центар за деловна соработка, како контактна точка за  македонските и италијанските мали и средни претпријатија  на проектот „АМИКО“ во Скопје,  веќе 2 години обезбедува техничка асистенција на италијанските компании кои ќе пројават интерес за македонскиот пазар, а од друга страна ги стимулира македонските претприемачи да отпочнат професионална соработка со италијанските фирми.

Дел од активностите е и  организација на посета на италијански фирми на саеми во Македонија.
Втора година по ред над 40 италијански компании (над 50 минатата година) учествуваат на Технома.
Најпрестижната саемска манифестација, Технома 2011 се одржа од 17 до 22 октомври на „Скопски Саем“, со забележително учество на странски претпријатија и тоа од република Италија, Словенија и Грција.

Во рамките на Технома се одржаа технички работилници, друштвени бизнис сесии, се иницираа планови, спогодби и договори.

Една од овие активности  беше организирана на 19 октомври 2011 од г-н Ненад Апостолоски, директор на Центар за деловна соработка -  ЦДС кој е локален експерт на „АМИКО“ за Македонија. На панел дискусијата  која тој ја организираше на тема „Македонија, повици за европски проекти, преглед на актуелните можности и на проспективите за во блиска иднина“  учествуваа четворица консултанти со долгогодишно искуство во работењето со европски проекти. Тие ги споделија информациите за актуелните и идните можности  за користење на овие фондови и предизвикаа интерес кај италијанските компании.


 
КАРИЕРИСТИКА PDF Печати Е-пошта

Се што ви треба за работа, а не се учи во школо

Цели на обуката

Во време кога 65 % од невработените се млади а скоро сите огласи бараат кандидати со искуство, време е да преземете нешто за Вашата кариера. Време е да се стекнете со конкретни вештини за проценка на Вашите квалитети, начини како да најдете работа, како најдобро да го подготвите Вашето CV и мотивациско писмо и како да се однесувате на интервју за работа. Овој циклус обуки ќе Ви помогне и подобро да се снајдете на новото работно место, подобро да управувате со Вашето време и да се правите со стресот, како и што поуспешно да се вклопите во тимот на работното место.

Ви нудиме интерактивна обука со мноштво информации и практични вештини за тоа како да најдете и да ја задржите посакуваната работа.

За кого е наменета

Сите заинтересирани за наоѓање на работа и унапредување на кариерата

Формулар за пријава

Содржина на понудата

 
За ФИООМ, ЦДС ќе одржи 5 обуки за вештини за барање работа и 5 обуки за започнување сопствен бизнис PDF Печати Е-пошта

 

За ФИОOМ, ЦДС одржа 10 обуки за  финансиска писменост  во 2009 година преку кои сиромашни семејства се стекнаа со вештини на планирање на семеен буџет.

Како продолжение на тој проект а во функција на зголемување на приходите на семејствата во 2010 година ЦДС ќе одржи 5 обуки за пренесување на знаење и вештини за барање работа и 5 обуки како да започнеш сопствен бизнис.

Во рамките на првата обука ќе бидат опфатени следните теми

Повеќе...
 
Ексклузивни обуки PDF Печати Е-пошта


CDS_Web_Bar 2
Ако сте спремни да вложувате во својот личен и професионален развој и развојот на вашите вработени, пред вас е ексклузивна содржина која се нуди за првпат во Македонија. Ние во ЦДС сме посветени на практични и интерактивни обуки со висок квалитет, а како гаранција за тоа е реномето на HRDQ од САД (www.hrdq.com). Ние од нив ги откупивме правата за четири нови обуки и специјално за вас ги прилагодивме на нашата средина.
Првата обука е следната недела (22 и 23-ти септември) кога ќе можете да ја научите „Уметноста да влијаете на другите“. Веќе во октомври три нови теми:
  • Креативно разрешување на проблеми
  • Водство низ промени
  • Менаџирање со менаџери
За сите информации јавете се на 02/321 50 15 или дојдете во нашите канцеларии на бул. „Климент Охридски“ 54/2/1 и ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме.
Повеќе информации

Уметноста да влијаете на другите 

(2-дневна работилница)


ChessPieces 4Поставете ги темелите за поефективна комуникација преку оваа исклучително интерактивна обука.  Развијте методи на воспоставување релации со луѓето преку длабока свесност за моќта на невербалната комуникација.  Научете како да ги избегнете комуникациските бариери.  Препознајте го вашиот стил на комуникација и прилагодете ја сопствената комуникација за да биде што е можно поуспешна во секој од стиловите.


Научете методи на намалување на интензитетот на проблематични ситуации и ефективно разрешување на конфликти.  Преку серија на структурирани искуства, развијте и научете да применувате вештини кои ја зголемуваат вашата ефективност кога ги нудите вашите услуги во било која комуникациска вештина.


Повеќе информации

Водство низ промени 

(1-дневна работилница)


GlassChessPieces2 3Управувањето со промени е уметност и наука во водење на организации и нивните вработени низ предвидливи транзиции од моменталната реалност кон посакувана идна позиција.  Промената се манифестира во најразлични форми со различни резултати и емоции, но има две работи на кои можете да сметате: промената нема да исчезне, таа само ќе се зголеми; и вие и оние околу вас треба да научите како да ја прифатите и искористите таа промена.


Преку оваа работилница ќе научите како да ги идентификувате различните реакции кон промената за да можете подобро да се подготвите за да им помогнете на вработените да ја пребродат. Вие ќе направите план кој ќе им помогне на другите низ промената и ќе го примените тој план преку подредување на системите и структурите во рамките на вашата организација со цел подобро да одговрат на потребите на вработените во процесот на промена.


Повеќе информации

Менаџирање со менаџери 

(1-дневна работилница)


RocksStack2 2Зошто е потребна програма за менаџирање со менаџери?  Што е тоа што е толку тешко?

1. Балансирање на секојдневните задачи со долгорочното стратешко размислување.  Доколку имате менаџери кои ви одговараат вам, тогаш голем дел од нивните проблеми остануваат на вас да ги решите.

2. Вашите директни извештаи управуваат со голем број на различни функции и тешко е да создадете чувство на обединетост и кохезија за целата група. 

3. Доколку сте типичен менаџер од среден слој (со типични човечки особини!), вие можеби најмногу би сакале да ги игнорирале непријатните ситуации како што е да се справите со проблематичните  луѓе.  А можеби се повлекувате.  



Менаџирањето со менаџери бара храброст, и преку оваа работилница ќе ви дадеме едноставен,  но ефективен  двостран пристап кој се фокусира на развивање на бизнис стратегија, а едновремено ги подобрувате вашите лидерски вештини.



Повеќе информации

Креативно разрешување на проблеми 

(1-дневна работилница)

StoneFenceУчесниците на работилницата ќе научат како да ја интегрираат креативноста со аналитичкото размислување за ефективно разрешување на проблеми и како да развиете  вештини за критичко размислување. 



Креативното разрешување на проблеми е корисна вештина во денешниот свет кој постојано се менува.  Концептот на „иновација“ и како е поврзан со крајното решение ќе биде нагласен.  Иновативниот начин на размислување не само што ги препознава и оценува одличните идеи за пазарот, тој исто така се фокусира на разрешување на проблемите на потрошувачите или корисниците на услуги.



Повеќе информации
 
ЦДС е првиот провајдер на обуки за Проценка на земјоделски системи со учество на самите жители PDF Печати Е-пошта

ЦДС беше ангажиран при обезбедувањето на физички, социо-економски и агро-економски информации од руралното население, кои подоцна ќе бидат корисни за тимот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, кои се одговорни за планирање и менаџирање на работните програми во дисперзираните канцеларии. Консултантската работа претставува продолжение од онаа која беше започната во 2008 година и ги зајакнува вештините на персоналот на Агенцијата кој беше обучен и тогаш.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL