Македонски(Macedonian)English (United Kingdom)

Contact

CDS
Ul. Kozara br.15/a/1
1000 Skopje, Macedonia

Phone/Fax: +389 2 3215 015

contact@cds.com.mk
www.cds.com.mk
Testimonial FOSIM PDF Print E-mail
Почитувани,


Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), во рамки на Програмата за економски реформи интензивно работи на активности поврзани со развој на претприемништвото како и развој на капацитетите на ромската заедница во Македонија. Во таа насока, во периодот од јануари 2006 до јануари 2009 ФИООМ го реализираше проектот Обука на Роми обучувачи за претприемништво. Една од главните цели на Обуката за обучувачи беше пренесување на знаења и вештини за подготовка на сопствен Бизнис план и понатамошно пренесување на истите на други лица со цел започнување сопствен бизнис. Во двата циклуса обуки вкупно опфатени 25 млади обучувачи кои самостојно изработија сопствен Бизнис план.

Обуката на обучувачите, беше дизајнирана и спроведена од страна на консултантска фирма ЦДС  - Центар за деловна соработка, а како дизајнер и еден од главните обучувачи беше вклучен г-дин Ненад Апостолоски. Обуките беа високо професионални, а квалитетот на дизајнираната и испорачана обука на високо ниво. Со тоа и зацртаните цели од проектот беа остварени т.е. се изгради капацитет во рамките на ромската заедница за континуирано спроведување на обуки од областа на подготовка на бизнис планови.

Врз основа на позитивното искуство и искажаниот висок степен на професионализам, би сакала да Ви го препорачам г-дин Ненад Апостолоски за обучувач во програмата за обука на обучувачи за ИПАРД.


Доколку Ви се потребни дополнителни информации Ве молам слободно да ме побарате на тел. 02/2 44 44 88 лок. 115 или на е-маил.

Со почит,

Милица Срдановиќ
Координатор на програма за економски реформи ФИОО-Македонија