| ЦДС НА ТЕХНОМА 2011 |
|
|
|
|
Проектот „АМИКО“, финансиран од италијанското министерството за економски развој има за цел да ја зајакне соработката меѓу западно - балканските и италијанските компании. ЦДС – Центар за деловна соработка, како контактна точка за македонските и италијанските мали и средни претпријатија на проектот „АМИКО“ во Скопје, веќе 2 години обезбедува техничка асистенција на италијанските компании кои ќе пројават интерес за македонскиот пазар, а од друга страна ги стимулира македонските претприемачи да отпочнат професионална соработка со италијанските фирми. Една од овие активности беше организирана на 19 октомври 2011 од г-н Ненад Апостолоски, директор на Центар за деловна соработка - ЦДС кој е локален експерт на „АМИКО“ за Македонија. На панел дискусијата која тој ја организираше на тема „Македонија, повици за европски проекти, преглед на актуелните можности и на проспективите за во блиска иднина“ учествуваа четворица консултанти со долгогодишно искуство во работењето со европски проекти. Тие ги споделија информациите за актуелните и идните можности за користење на овие фондови и предизвикаа интерес кај италијанските компании. |








